Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
СВР Скопје целосно го расчисти случајот пријавен од страна на Н.П.Ц.(45) од Скопје, која на 03.07.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, пријави дека на 02.07.2026 во 17:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, нејзината 10-годишна ќерка била физички нападната од машко лице на возраст од околу 70 години, а од настанот беше објавен и видео материјал на социјалните мрежи. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и утврдено е дека напаѓачот е Д.Ј.(74) од Скопје и со него е извршен службен разговор во полициска станица, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.