Арец рече дека плурализмот на медиумската сцена и независноста на уредничките тимови се еден од темелите на пристапувањето и членството во ЕУ. Суперти истакна дека слободата на медиумите и професионалното известување се столб на демократијата и најави дека во случајот ќе се вклучи и Европската комисија. Вајц вети дека Европскиот парламент ќе направи се што е во негова моќ за да ги одбрани слободните медиуми и независното новинарство.