ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
Форензичари на МВР потврдија дека ДНК и отпечатоци од обвинетиот судија, Ѓоко Ристов, се пронајдени на алуминиумските фолии во кои беа завиткани 350те илјади евра заѕидани во домот на неговите родители.. На денешното судење, форензичарите кажаа дека трагите ги пронашле на две од вкупно 13 парчиња фолија што ја испитувале.. Проверките не откриле отпечатоци од родителите на судијата Ристов.. „ Ние не сме професионалнци, но и еден обичен правник и било кој граѓанин знае дека биолошките материјали, како што објаснуваа и вештите лица, се подложни на контаминација, крос контаминација, но, ако најдете биолошки траги на некој материјал, тие, просто постојат. Без оглед дали постојат други или трети, но, овие постојат, а во конкретниот случај тие потекнуваат од обвинетиот Ѓоко Ристов “, изјави Искра Хаџи Василева, Јавен обвинител во ОЈО ГОКК. Одбраната на Ристов тврдеше дека можеби се манипулирало со доказите.. Алуминиумските фолии во кои биле завиткани парите прво биле сместени во сеф на МВР, потоа предадени на Агенцијата за одземен имот, па дури потоа форензичарите барале траги кај фолиите.. „ Вас не ви е сомнително во тие 80 денови да се отвора доказниот материјал, никој не знае што е и к
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.