Премиерот Христијан Мицкоски денеска нагласи дека ним како Влада им е важно без разлика за кои избори станува збор, тие да бидат организирани кредибилно, како што биле локалните, по, како што рече скандинавски модел, но додаде и дека е мошне битно да и се овозможи да дијаспората да учествува во тие процеси, напоменувајќи дека денеска во 14 часот повторно ќе има состанок во Парламентот за да најде модалитет на гласање на дијаспората. Мицкоски денеска по поставување камен темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел на прашањето дали можеби ќе се разговара за друг начин на гласање на дијаспората освен електронското, кое го спори опозицијата, истакна дека прифатлив е и модалитет на гласање преку пошта, за кој има десетици примери и во Европа и во светот, а се со цел, како што рече, да се обезбеди побројно гласање на нашата дијаспора. -Факт е дека Левица и СДСМ заедно во коалиција не сакаат да дозволат дијаспората да гласа со помош на електронско гласање. Она коешто вчера го понудив, а денеска ќе се случи во 14 часот, е повторно состанок во рамките на Парламентот, да најдеме решение. Можеме преку пошта, имаме такви десетици примери и во Европа и во светот