Се санираат штетите по невремето
Санирани се штетите по силното невреме кое вчера ја зафати Македонија. Обилните дождови кои за кратко го блокираа главниот град поплавија повеќе булевари и целосно го запреа движењето кон повеќе населени места. Центарот за управување со кризи примил 300 повици , од кои најголемиот дел за пријавени штети на автомобили, откорнати дрвја и поплавени булевари во Скопје. Според ЦУК, моментално се уште се работи на санирање на штетите во поплавени подрумски простории на дел од станбените згради кои биле погодени. За неколку часа во Скопје наврнал најмногу дожд. Според статистиката на УХМР најпогодено било скопско Црешево со 74 литри на м2, Лисиче со 63 литри на м2 и Гази Баба 44 м2. Слична била сликата и во повеќе градови низ државата – Куманово, Крива Паланка и Берово најпогодени од силниот дожд. Службите на Градот Скопје ги санирале сите штети кои ги донесе невремето, а градоначалникот Ѓорѓиевски уверува дека кризниот штаб е подготвен да одговори при евентулно нови врнежи.Најголем проблем останува атмосферската канализација особено кај подвозниците во Гази Баба, Чаир према Бутел и булеварот Трета македонска бригада. Од УХМР и за денеска најавуваат обилни дождови. Според Управата за хидр
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.