ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
Пензионерите да бидат спокојни – редовната исплата на пензиите не е доведена во прашање а над 340 000 граѓани кои се во оваа категорија нема да имаат проблем и со користењето на здравствени услуги, тврдат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување по забелешките во ревизорскиот извештај за работењето на институцијата во 2024 година. Од ПИОМ со уверување дека не е доведена во прашање и финансиската стабилност на Фондот а ревизијата се однесува на времето на претходното раководство. - Значителен дел од забелешките на ревизорите се однесуваат на состојби кои се провлекуваат со години и биле нотирани и во претходни ревизорски извештаи, што укажува дека станува збор за наследени системски слабости. Фондот на ПИОМ со полна одговорност оценува дека слабостите кои се однесуваат на тековното административно работење и на системот на јавни набавки се веќе надминати, а механизмите воспоставени на крајот на 2024 и во текот на 2025 година, значително го намалуваат ризикот од повторување на констатираните состојби во иднина и ова е нотирано во извештајот на ДЗР во прилот на забелешките од Фондот на ПИОМ. За долгот кон Фондот за здравствено осигурување од ПИОМ со образложение дека тоа не е по
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.