Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи - Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. - Денеска во ОВР - Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош - Кавадарци - појасни Милевска Ѓеоргиева. Известен бил јавен обвинител и во тек е увид од страна на увидна екипа од ОВР - Кавадарци. Во моментов, сообраќајот на регионалниот пат Градско - Прилеп е во прекин и се пренасочува по регионалните патни правци Р103 и Р107. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.