Очаен крик за политички опстанок. Вака опозициската ДУИ реагираше на вчерашното обединување на петте политички субјекти од владиниот албански блок во една партија – Вреди. Интегративците на Ахмети оценуваат дека копретседавањето на Изет Меџити и Билал Касами е доказ за фрагментирање, а не за обединување, како што било претставено на вчерашниот прв конгрес на новата албанска партија. „Наместо визија, тие понудија пазар на ега, бидејќи никој не сакаше да му го отстапи местото на другиот, па решија да глумат партија со двајца претседатели. Вистината е јасна: ВЛЕН се обедини само за заедно да се распадне. Поставувањето на двајца лидери е доказ дека партијата е поделена на фракции уште пред да почне да функционира. Во меѓувреме, додека лидерите самите се прогласуваат, министри и клучни функционери од нивните редови веќе го напуштија бродот, одбивајќи да бидат дел од овој неуспешен проект, наменет само за спас на неколку политички кариери. Албанците не заслужуваат политички експерименти“, коментираат од ДУИ. Од друга страна, од Вреди и денеска повторуваат дека преминот од коалиција во партија покажува дека во албанскиот блок не владее монопол и дека се работи за вистинска политичка визиј