Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
Растот на македонската економија од 4,3 отсто во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во пост на Фејсбук, коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст на БДП во вториот квартал годинава. Таа посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии. -Од раст од 1,6 отсто во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3 отсто. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е. Но, податоците покажуваат дека политиките што ги водиме и насоката што ја избравме даваат резултати и дека треба да продолжиме уште посилно и со уште поголема динамика- истакна Димитриеска-Кочоска. Податоците за структурата на БДП покажуваат дека растот има широка основа. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемени за 16,5 проценти
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.