Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази уверување дека конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“, кој ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, а, чија изградбата ќе почне летово, е на ниво на задачата и роковите ќе бидат испочитувани. Николоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител нагласи дека во процесот постапувале согласно строгите правила на Европската банка за обнова и развој и оти и ЕБОР немала никаква забелешка за изведувачот. -Драго ми е што, заедно со Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, успеавме да го избереме „Гранит“ за изведувач. На тој начин покажуваме дека македонската оператива може да работи. Тука сакам да се заблагодарам на ЕБОР, на министерката за финансии, за поддршката во обезбедувањето на финансии како и на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, кој врши одлична работа. Толку автопати колку што моментално се градат во Македонија, никој во регионот не гради, а Македонија никогаш не видела...Ние постапувавме според правилата на Европската банка за обнова и развој, кои што се многу строги. На крајо