Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера да му покажат на светот дека инвестираат во одбраната, го ребалансираат сопствениот безбедносен систем и ја засилуваат својата индустриска база. „За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Исто така, ќе потврдиме дека инвестираме во клучни технологии за да ги исполниме безбедносните барања на денешницата и утрешнината“, изјави Руте во интервју за „Вашингтон пост“. Во меѓувреме, извршниот директор на шведската одбранбена групација, Микаел Јохансон, изјави дека компанијата „Сааб“ (Saab) во 2030 година ќе може да почне со испорака на авионите „Глобалај“ (GlobalEye) доколку НАТО во најкус можен рок потпише договор со нив. Јохансон додаде дека
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.