Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. Како што соопшти денеска Министерството за транспорт, според Николоски, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето. - Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт - рече Николоски, додавајќи дека активната работа на терен започнала дури од октомври 2024 година. Тој посочи дека за година и половина биле реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период и потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на ЕКСИМ Банка. - Реков дека за проблемите ќе зборувам
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.