ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании. „Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени правила поврзани со вештачката интелигенција“, се наведува во соопштението на Кипар, кој моментално претседава со ЕУ. Земјите-членки и преговарачите се договорија и да ја забранат употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање сексуални „дипфејк“ (deepfake) содржини без согласност на лицата прикажани во нив. Критичарите оценуваат дека олеснувањето на дел од правилата покажува дека Европа попушта под притисокот на големите технолошки компании. Привремениот договор, кој треба формално да биде одобрен од владите на ЕУ и од Европскиот парламент во наредните месеци, беше постигнат по деветчасовни преговори. Марилена Рауна, заменик-министерка за европски прашања на Кипар, изјави дека договорот за Законот за вештачка интелигенција значи
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.