Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија
Поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело „измама“, 45-годишниот скопјанец Н.Д. бил лишен од слобода во Крива Паланка, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Претходно, едно лице ѝ се јавило телефонски на повозрасна жена од Крива Паланка. Се претставило како лекар од Италија. Ја известило дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ќе треба да даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари, се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но, во меѓувреме, се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом - информираа од МВР. Скопјанецот бил задржан во полициска станица. Од МВР додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.