Производителите на пченица бараат да запре увозот
И додека откупувачите од Македонија одбиваат да ја купат домашната пченица чија жетва е скоро половина завршена на ниво на држава, во моментов дел од нив наголемо увезувале пченица од Србија. Земјоделците обвинуваат дека ваквиот однос од откупувачите и државата е крајно некоректен спрема нив и бараат итно стопирање на увозот се додека не се откупи домашното производство. „Неофицијално откупни фирми вршат откуп од Србија, значи не сме ние заштитени од државата. Денес имаме увоз на пченица, вчера имавме увоз на пченица, се знае и кој е откупувачот, не мора да го кажеме, самата држава, самото Министерство знае на кого му дало дозвола да врши откуп на пченица во овој момент. Втора работа, имаме и увоз на брашно, неофицијално во текот на една година имаме увоз на брашно на 6 милиони килограми, што значи и тука не е заштитена нашата гранка. Значи ако е стратешки производ пченицата, тогаш да се најде стратегија како ние да опстанеме со нашето производство“, изјави Перо Стојкоски, асоцијација на земјоделци и фармери на Македонија. Земјоделците во овој момент бараат 16 денари за килограм, а мелничарите велат дека не им требала македонската пченица бидејќи имале резерви од лани. Земјоделците
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.