Серијата настани и манифестации организирани по повод 35 години независна Македонија, меѓу кои и вчерашниот концерт на Дејвид Гета, ги чинеа граѓаните нула денари. Премиерот Мицкоски обелодени дека од буџетот не се потрошени пари за организирање на свеченостите, туку се било организирано од општествено-одговорни компании. „Лошата вест е дека Буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот ги чинат сите овие настани нула денари. Слободно можете да проверите open finance, отворени финансии - ќе проверите дека сето ова граѓаните и буџетот ги чини нула денаир. Се е организирано од општество одговорни компании“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Ова е првпат владата да открие колку и дали воопшто потрошила пари за организирање на настаните, по многубројните барања од опозициските партии да ја соопштат сумата. „Јас жалам што кај поединци што мислат како тие би правеле и некој друг така прави. Оваа влада е домаќинска, оваа влада е промакедонска која се грижи за граѓаните и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин“, додаде премиерот. Од МВР констатираат дека синоќешниот конерт поминал без поголеми инциденти, освен две нарушувања на дневниот ред