Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека само пет месеци по имплементацијата на системот „Безбеден град“, бројот на жртви во сообраќајни несреќи е намален за 40 проценти. При презентацијата на извештајот за сработеното во последните две години, Тошковски рече дека од 2 февруари до 22 јуни 2026 година се регистрирани 33 жртви во сообраќајот, наспроти 55 во истиот период од годината.