Денеска и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер од над 60 километри на час и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат оттаму, во Скопје денеска и утре претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе биде нестабилно во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, краткотрајно во во форма на невреме. МИА