Со пристигнување на преостанатиот дел оклопни возила Страјкер следната недела ќе се комплетира договорот со САД со кој се модернизира македонската армија. До крајот на годинава се очекуваат и двата нови хеликоптери од компанијата Леонардо. Буџетот е стабилен и е над 2 отсто а министерот во отчетот најави и зголемување на платите за вработените како и ново законско решение за понатамошно ангажирање на војниците кои исполниле услови за пензија. Армијата се подмладила со 300 нови војници а годинава се регистрирани и нови 1.700 апликации. По серија меѓународни вежби, началникот на генералштабот истакна дека македонската армија е официјално оценета со статус борбено подготвена.Во моментов, повеќе од 180 македонски војници се активни во неколку меѓународни мисии на НАТО и Европската Унија. Во делот на инфраструктурата министерот најави инвестиции од 12 милиони евра за реконтрукција на касарни, полигонот Криволак и објекти на генералштабот. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Мисалјовски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД Категорија: Македонија Новинар: Мирјана Давидовска