Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со најсериозната лидерска криза од почетокот на неговиот мандат, во мигови кога членови на неговиот Кабинет и десетици пратеници побарале да размисли за повлекување од функцијата. Според извештаи објавени во британски медиуми, министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд, наводно во приватни разговори повикала на „уреден транзициски процес“, додека околу 75 пратеници од Лабуристичката партија побарале премиерот да се повлече по слабите изборни резултати. Четворица владини помошници поднеле оставки наведувајќи како причина губење доверба во неговото лидерство, додека дел од функционерите предупредуваат дека авторитетот на Стармер слабее и бараат тој да постави рок за евентуално заминување од „Даунинг стрит 10“. Во политички напната атмосфера, за денеска е закажана итна седница на Кабинетот, при што постои поделеност меѓу министрите по однос идните чекори. Министерот за одбрана Џон Хили, според извори, повикал на избегнување хаотичен процес и фокусирање на управување со државата во услови на геополитички и економски ризици. Во меѓувреме, заменик-министерот за здравство Стивен Кинок изјавил дека некои министри „можеби“ на седницата ќе побар