Членот на конзорциумот „Логистика“, Никола Брковиќ изјави дека откако Европската комисија објави дека нема да ги менува шенгенските правила, превозниците на 14 септември ќе бидат принудени да преземат порадикални мерки и да ги блокираат границите со ЕУ на регионално ниво, како што беше случајот во јануари.