Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој се разговараше за тековните активности, приоритетите и следните чекори во спроведувањето на реформските процеси, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. Тој додава дека како Влада продолжуваат посветено со реализација на реформите кои треба да донесат поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан европски развој на Македонија. МИА