Американскиот Претседател Доналд Трамп тврди дека Иран се согласил да се откаже о нуклеарното оружје. Во објава на социјалните мрежи, Трамп вели дека официјален Техеран никогаш нема да има вакво оржује. „Договорот е предвидено да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормускиот теснец ќе биде ОТВОРЕН ЗА СИТЕ. Нашиот однос со Иран е многу поинаков и подобар од оној што го имаа претходните администрации.“ – напиша Трамп во вчерашната објава на социјалните мрежи. Аксиос објави дека договорот ќе биде потпишан денеска на вирутелен состанок со посредство на Пакистан и Катар и учество на Египет и Турција. Од Иран се уште нема официјална потврда. Последните информации кои ги соопшти државната новинска агенција велат дека Техеран се уште не донел конечна одлука и дека предложеното примирје се уште се во фаза на разгледување Швајцарците денеска на референдум одлучуваат дали населението на земјата да се ограничи на 10 милиони жители, предлог што дел од јавноста го споредува со „швајцарски Брегзит“. Иницијативата, поддржана од десничарската Швајцарска народна партија, предвидува мерки за ограничување на миграцијата доколку населението надмине 9,5 милиони, а на 10 милиони би може