Наместо пораки за заедништво, опозициската СДСМ обвинува дека премиерот Мицкоски уште еден државен празник искористил за поделби на граѓаните. Партијата остро реагира на вчерашниот говор за 8ми Септември во која Мицкоски порача дека талогот во општеството не смее да ја победи елитата. Според СДСМ власта со таквата реторика повторно ја активира кампањата со која народот го дели на талог и елита. „На ден кога Македонија обележува 35 години од својата независност, Мицкоски прво повика да не се делиме, за веднаш потоа повторно да започне со поделби и, како што кажав, ја активираше неговата позната кампања „Талог“. Она што беше приметливо е дека тој вчера директно се закани дека ќе се соочи, ќе ги натера тие од „Талогот“ да се соочат со правдата, потоа седнувајќи до државниот обвинител. Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја.“, изјави Андреј Жерновски, СДСМ „Не ги спомнав по име, самите се преп