Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 100 отсто на сите стоки од земјите кои воведуваат данок на дигиталните услуги на американските технолошки компании. Тој истакна дека таквите мерки претставуваат дискриминација на американските технолошки гиганти, пренесува Ројтерс.