Реизбраниот пратеник на Движењето Ветевендосје, Аднан Рустеми, изјави дека последните парламентарни избори биле непотребни и дека нивните резултати докажале дека на земјата и е потребна институционална стабилност, а не нови изборни процеси. Тој во интервју за КосоваПрес вели дека по објавувањето и потврдувањето на резултатите треба да почнат политички разговори за формирање на институциите.