Амбасадорот на Народна Демократска Република Алжир, Мохамед Мераими денеска ја засади 251-та липа во Алејата на амбасадорите на Дарива, со што го продолжи проектот кој повеќе од две децении симболизира пријателство, соработка и меѓусебно почитување меѓу народите и земјите.