Комисијата за финансирање и буџет ја почнува амандманската расправа за ребалансот - поднесени 224 амандмани
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Седницата е закажана за 11.30 часот, а пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ. Согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница. Во рамки на тридневниот општ претрес, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите - според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според СДСМ, проекциите се нереални, несериозни и тешко остварливи, базирани на преоптимистички очекувања. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска кога го образложуваше ребалансот истакна дека предвидените измени во Буџетот не се резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните економски услови. Според неа, со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за ре
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.