За околу 300 евра повисоки бруто плати ќе добијат уставните судии, ако Собранието за три месеца не донесе нов закон за нивните примања. Ова доаѓа откако Уставниот суд ги укина намалените коефициенти за пресметка, но им даде време на пратениците да направат нов закон до 1 октомври. Дотогаш платите остануваат непроменети. Ако пратениците не реагираат, тогаш автоматски ќе почнат да важат повисоките коефициенти предвидени со законските измени од 2024 година. Според пресметките, платата на претседателот на Уставниот суд би изнесувала околу 209 илјади денари бруто, а на уставен судија би била над 193 илјади денари. „По донесувањето на одлуката со која на сите останати судии во државата им се зголемува коефициентот, настана парадоксална ситуација, па така платите на претседателот на Врховниот суд и на судиите се повисоки од платите на претседателот и на судиите во Уставниот суд“, информира Уставен. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не коментираат одлуки на Уставен. Петрушевски не одговори дали како пратеници ќе предложат законски измени пред истекот на рокот. „Динамиката, темпото и начинот на работата на Собранието го уредува претседателот на Собранието. Согласно тоа, ве повикувам да се обратите к