Повреда од прострелна рана е причината поради која веќе две недели посетителите на Дојран забележуваа осамен пеликан, како се движи во вода или по копно невообичаено блиску до луѓе. Ветеринарот Ристо Ичков од Богданци, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, вчера излезе на терен и ја прегледа птицата. Тој изјави дека за среќа пеликанот нема повредено крило, ниту нога, како што се шпекулираше меѓу туристите и локалните жители. -Птицата е дојдена најверојатно од југ и според она што можев да го востановам, погодена е со сачмарка под крилото. На десната страна има знаци на паднати пердуви и месото е поцрнето што значи дека имала рана. Успеавме да извршиме преглед, лесно го фативме пеликанот со оглед на тоа што беше веќе изнемоштен. Долго време бил во оваа состојба, така што откако видов дека нема ништо скршено, ја исчистив раната и му дадов антибиотик, вели доктор Ичков. Пеликанот кој е една од најпознатите птици на Дојранското Eзеро, се најде на повеќе слики и видеа објавувани на социјалните мрежи во изминатите денови, каде се поттикна и дебата од посетителите и мештаните за да се помогне на овој езерски жител. -Пеликанот или ба