Девет имоти и 17 сметки на физички и правни лица се замрзнати во истрагата за Фудбалската федерација на Македонија. Истрагата на Обвинителството за организиран криминал опфати 18 физички лица и осум компании, меѓу кои и двајца поранешни претседатели на ФФМ. -По спроведената финансиска истрага се што пронајдовме дека имаат, имот, сметки, вредност, движен, недвижен, на име и сметка на осомничените до Судот поднесовме соодветни барања за замрзнување на тој имот и пари, вели шефот на ОЈОГОКК, Ислам Абази. Абази пред Советот на јавни обвинители го презентираше годишниот извештај за работата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за 2025 година. Лани, фокусот на Обвинителството било кај финансискиот криминал. Затоа и се бележи голем раст на замрзнатите средства. Во 2024, кога Организиран беше насочено кон разбивање на криминални групи кои работат со трговија на дрога, замрзнати се нешто помалку од 6 милиони евра. Додека лани, тој износ е зголемен на безмалку 28 милиони евра. Сепак, Абази пред Советот се пожали дека на Организиран му недостасуваат и обвинители, но и други вработени. Кажа и дека за 84% од предметите за кои се уште нема обвинение, Обвинителството ч