Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс" во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, толку повеќе фокусот се префрла од суштината кон процедурата. - Впечаток е дека постои силна борба, обвинителството целосно да не ѝ објасни на јавноста што значат документите и што треба да покажат на начинот на кој функционирал објектот пред трагедијата. Наместо повеќе одговори за тоа кој што знаел, кој контролирал и кој имал обврски да постапува, повторно гледаме прекини, приговори и атмосфера што на моменти повеќе личи на натпревар отколку на потрага кон вистината - изјави Наунов. Од нас, родителите, нагласи Наунов се бара достоинство и трпение, и тоа го правиме од првиот ден, а за возврат бараме само едно: доказите да се изведат до крај, јавноста да ја слушне целата слика и одговорноста да не се изгуби меѓу процедурите. - За нашите деца нема втор обид. Не смееме, и не см
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.