Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози, Ѓорѓиевски ќе разговара со директорите за забрана на мобилни телефони на настава
Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишните психолози за да детектираат разни видови проблеми во училиштата и да преземат мерки. Од Комората на психолози ќе побара да организира додатни обуки за психолозите бидејќи едни учеле по стари, други по нови програми. Во врска со случаите на педофилија кај наставници, Јаневска изјави дека во образованието има многу проблеми, но, рече, овој е еден од најтешките и ние преземаме мерки за справување. По случаите кои се познати во јавонста, рече, постапил Државниот просветен инспекторат и е пријавено во полиција и во јавните обвинителства. -Се обраќам уште еднаш до наставниците, кои се колеги на оние што го вршат нелегалното дело, но се и наставници на учениците што треба да бидат заштитени од оние што прават недозоволиви дејства. Ќе го зајакнеме приправничкиот испит затоа што таму се неопходни промени и, дополнително, ќе почнеме иницијатива за лиценцирање на психолозите, чија основна улога би била да детектираат каков било проблем во училиштето и да преземат мерки. Лиценцирањето ќе се однесува за целокупната нивна работа. Постојат и други алатки што ние ги применуваме. Сè што е забележано им се пријавува на соодветните
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.