Седумдесет и осумгодишен маж од населбата Брегу и Диели во Приштина е пријавен за исчезнат од четвртокот наутро, додека членовите на неговото семејство побарале помош од граѓаните за што поскоро да го лоцираат. Станува збор за Џафер Раќин, кој според членовите на семејството излегол од дома околу 08:00 часот и оттогаш ништо не се знае каде се наоѓа. Семејството објави дека 78-годишникот боледува од деменција