13-годишното дете со убодна рана в срцето е во стабилна, но се уште во животнозагрозувачка состојба. Здравствените власти за Сител велат дека неговата состојба будно се следи. 13-годишникот беше тешко повреден во крвава тепачка. Во инцидентот биле вклучени вкупно 5 лица, кои полицијата ги приведе, додека мотивите за крвавата тепачка се уште се непознати. Во меѓувреме, МОН и Град Скопје кројат сет мерки за намалување на врсничкото насилство. Јаневска вели дека МОН предвидува континуирани активности за спречување на врсничкото насилство и воспоставување стабилен систем кој ќе делува превентивно. Таа посочи дека Владата презела повеќе проекти и законски измени, како и промени во училиштата, со цел да се спречи и санкционира врсничкото насилство. „Во овој момент, разговорите со Град Скопје се одвиваат меѓу службите, ќе се договориме со градоначалникот се што треба да спроведуваме. Јас реков дека тоа ќе бидат континуирани проекти – за да не бидат проекти како проекти туку да се воспостави еден стабилен систем кој континуирано ќе делува врз врсничкото насилство, изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. И општина Чаир ги презеде првите чекори за создавање платфо