Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е пријавен вчера во 11 часот во атарот на село Неокази, каде што горела нива со жито. Но, поради сувата трева и ветерот многу брзо се проширил и зафатил површина на три села. -Има голема материјална штета, сè уште не е утврдена, значи, висината на штетата, но изгорено има од пожарот земјоделски површини, житни површини, овоштарници, лозја. За жал, во село Бучиште има настрадано и куќа, значи станбен објект, и некои други инфраструктурни како инсталации, така објекти – што бандери, што огради, струјни водови, водоводни водови, и, за жал, и неколку пчеларници. Реков дека штетата сè уште не е утврдена- вели Терзиќ. Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Терзиќ додава и дека Општината од понеделник ќе се ангажира во делот на прогласување на елементарна
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.