Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.