Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков изјави дека Русија се согласила со иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставување прекин на огнот со Украина од 9 до 11 мај и за размена на затвореници со Киев „1.000 за 1.000“ во овој период. - По налог на рускиот претседател Владимир Владимирович Путин, ја потврдувам прифатливоста за руската страна на иницијативата што неодамна ја предложи американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот и за размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина, истакна Ушаков. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнаа договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници. - Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ангажман. - Му се заблагодарувам на претседателот на САД и на неговиот тим за нивниот конструктивен дипломатски ангажман. Очекуваме САД да се погрижат руската страна да ги исполни овие договори, истакна