Речиси 5.000 евра наместо вообичаена сметка за седум оброци – толку пари наводно му биле повлечени од картичката на 71-годишен слеп гостин во ресторан во Виена. Мажот во текот на две недели во мај седумпати го посетил ресторанот „Балкан грил“ во округот Бригитенау, но поради оштетениот вид не можел да го провери износот што му бил внесуван во терминалот и му верувал на персоналот. По повеќемесечна истрага, сопственикот на ресторанот Мир