Трансферот на Бетим Фазлији во Цирих пропадна во последните моменти од преодниот рок. Дефанзивецот на Сент Гален не ги помина успешно медицинските тестови, изјави во вторникот за „Блу спорт“ претседателот на Цирих, Ансило Канепа. Поради оваа причина, швајцарскиот клуб се повлече од трансферот на 27-годишниот фудбалер и покрај тоа што преговорите меѓу страните значително напредуваа и договорот беше практично