Претседателот на Русија, Владимир Путин во блиска иднина ќе ја посети Кина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Датумите наскоро ќе ги објавиме. Посетата се подготвува, а може да се каже дека подготовките веќе се завршени, остануваат само детали. Посетата ќе биде во блиска иднина, посочи Песков. Последната позната средба помеѓу Путин и кинескиот претседател Шји Џинпинг се одржа на 4 февруари преку видео врска, при што разговараа за билатералната соработка, глобалната безбедност и усогласувањето на ставовите по важни меѓународни прашања, како што се економските врски и стратешката стабилност. МИА