Бразилскиот напаѓач Нејмар го коментираше својот настап во победата од 3:0 против Шкотска ноќеска во третото коло од групната фаза на Светското првенство 2026 година. Тој влезе во игра во 76. минута, заменувајќи го Матеус Куња. – Плачев во соблекувалната. Му благодарам на Бога што можам да ѝ помогнам на мојата земја, толку сум среќен, изјави Нејмар по натпреварот. За 34-годишниот напаѓач, ова беше неговиот прв натпревар за Бразил по 981 ден. Нејмар постигна 79 гола и има 59 асистенции во 129 натпревари за репрезентацијата. Има осум гола и четири асистенции во 13 натпревари на Светските првенства. Бразил освои седум бода од три натпревари и заврши прв во Групата Ц. Тимот стигна до нокаут фазата на турнирот 11. пат по ред МИА