Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата. Право на глас на овие избори имаат рекордни 8.046.725 гласачи – првпат повеќе од осум милиони – при што излезноста се очекува повторно да биде исклучително висока, на ниво на претходните избори од 84,2 проценти. Левиот блок го предводи Магдалена Андерсон, лидерка на Социјалдемократите, која се обидува да се врати на премиерската функција по четири години во опозиција. Нејзин главен ривал е актуелниот премиер Улф Кристерсон, предводник на десниот блок и лидер на Умерените, кој ја предводи актуелната малцинска влада. Актуелната десничарска власт е коалиција меѓу Умерените (М), Христијанските демократи (КД) и Либералите (Л), која формално не ги вклучува Шведските демократи (СД), но директно зависи од нивната поддршка преку таканаречениот Договор од Тидо. Оваа коалиција во моментов контролира 176 од вкупно 349 пратенички места во Риксдагот – односно тенко мнозинство од само еден мандат. Сепак, Кристерсон овојпат им вети минист
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.