Едно лице се здобило со полесни изгореници во пожарот што вчера избувна меѓу селата Долани и Луботен во општина Штип, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На повредениот му била укажана лекарска помош, а нема извештаи за други повредени. Заштитните појаси со трактори се поместени од страна кон селото Долани, по што пожарот е ставен под контрола и спречено е негово ширење кон населбата.