Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четвртокот, во 18:50 часот, во областа Кали Лименес, на островот Крит. Според податоците, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 30 километри јужно од градот Ираклион, додека фокусната длабочина била проценета на околу 5 километри. Потресите беа почувствувани во неколку области […]