Членот 1 од Конвенцијата од 1928 година го дефинира Експо како настан чија главна цел е да ја едуцира јавноста. Тоа е простор во кој човештвото ги прикажува средствата со кои располага за да ги задоволи потребите на цивилизацијата, покажува напредок во различни полиња на дејствување и отвора перспективи за иднината, рече Димитри С. Керкензис, генерален секретар на Меѓународното биро за изложби (BIE) во својот авторски текст.