Научник за само еден месец изел 720 јајца
Ник Норвиц, докторанд на Харвард и поддржувач на кетогената исхрана, одлучил да види што би се случило со неговиот организам откако ќе внесе преголема количина храна. За таа цел, за само еден месец изел дури 720 јајца, што во просек изнесува 24 јајца дневно. По добиените резултати од крвта се увидело дека таканаречениот „лош“ холестерол значително се намалил, што дополнително ги збунило докторите. Значаен дел од експериментот било јајцата да бидат подготвени на сите можни начини, што воедно било дел од неговата вообичаена кетогена исхрана, која се базира на висок внес на масти и протеини. Освен внесот на јајца, Норвиц секојдневно консумирал и месо, риба, маслиново масло, јаткасти плодови, темно чоколадо, сирење и јогурт. Но, покрај специфичниот режим на исхрана, била и секојдневната физичка активност. По еден месец направил детални анализи на крвта со цел да ги провери нивото на холестерол и показателите поврзани со здравјето на срцето. По добиените резултати увидено е дека нивото на ЛДЛ холестеролот (лош) холестерол, му се намалило за 18 проценти. - Претпоставував дека мојот холестерол нема да се зголеми, но не очекував дека ќе се намали. Иако внесот на холестерол го зголемив петп
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.