До 18 часот денеска регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, пет се под контрола и 11 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани – пожарот е активен и на територијата на Република Косово (шума); Општина Македонски Брод: с. Белица, месност Кајорец, кон с. Брезница кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума); Општина Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно (мешана шума); Општина Градско: с. Ногаевци (ниска вегетација, грмушки и борова шума); Општина Струга: с. Подгорци (ниска вегетација и мешана шума); Општина Липково: с. Матејче (мешана ниска шума); Општина Маврово и Ростуше: место викано Чавкарник над Маврово (ниска вегетација, пасишта и мешана шума); Општина Кичево: с. Кнежино и с. Добреноец (нискостеблеста шума). Пожари под контрола: Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селци (нискостеблеста шума); Општина Македонски Брод: с. Брезница (ниска вегетација и помошен објект); Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Кратово: Кратово (депонија); Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија). Изгаснати пожари: Општина Н