Во последните години зборот „одржливост“ стана еден од најчесто употребуваните во светската економија. Но, зад тој збор не стои само нова регулатива, нов стандард или нов административен процес. Зад него стои суштинска промена во начинот на кој функционира светот. Денес, успешни не се само компаниите кои произведуваат квалитетен производ. Успешни се оние кои знаат како одговорно да управуваат со ресурсите, како да инвестираат во своите луѓе, како да создаваат доверба кај инвеститорите, партнерите и потрошувачите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“. Затоа, како што истакна, кога се зборува за национална визија за одржлив развој, не се мисли само на екологија, зелени политики или на усогласување со европските стандарди. - Зборуваме за модел на економски развој кој создава сигурност. За држава која е отпорна на кризи. За институции кои создаваат доверба. За стопанство кое е способно да се натпреварува на најразвиените пазари. За економија која создава можности за младите да останат овде, да основаат компании, да инвестираат и да ја градат својата иднина дома. Денес