Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да донесат „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара, по руските напади во Киев и регионот, во кои беа убиени најмалку 14 лица. „Од исклучителна важност е светот — на прво место САД и нашите европски партнери — да излезе од самитот во Анкара со јасни и цврсти одлуки за поддршка на нашата противвоздушна одбрана и така да го заштити животот на обичните луѓе“, напиша на Фејсбук украинскиот претседател. Според последните податоци на украинските власти, само во нападите врз Киев загинаа најмалку 11 лица. МИА